Пет нови спортови на Олимпијадата во Лос Анџелес – крикетот се враќа по еден век


Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) вклучи пет нови спортови на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.

На сесијата во Мумбаи беше одлучено крикетот, фудбалот со знаме, лакрос, сквош и бејзбол/софтбол да бидат дел од Олипмиските игри во Лос Анџелес во 2028 година.

Секој град домаќин има можност да предложи воведување на нови спортови на МОК, што ЛА го искористи.

Крикетот, кој е многу популарен во Индија, се враќа на Игрите по повеќе од еден век и Игрите од 1900 година.

Фудбал со знаме е бесконтактен тип на американски фудбал во кој тимовите играат пет на пет. Американскиот фудбал првпат беше воведен како демонстративен спорт на Игрите во Лос Анџелес во 1932 година.

Бејзболот беше во Игрите неколку претходни игри. Беше додаден во Токио 2020 година, откако беше отсутен во 2012 и 2016 година, но нема да биде во Париз следната година.

Софтболот, беше на претходните пет Игри, но беше изоставен во Париз.

Лакрос се појави на Игрите двапати, во 1904 и 1908 година, додека сквошот долго време го бараше својот пат до Игрите, последен пат за Олимпијадата во Токио во 2020 година.