Пет најчести лаги кои жените им ги „сервираат“ на мажите
Кога станува збор за интимните врски, женскиот пол не е секогаш искрен со спротивниот.
Колку и да се водат од теоријата дека мажите повеќе лажат, факт е дека ниту жените не се целосно искрени. Ова особено се однесува на разговорите за интимните односи, особено за моментот кога акцијата завршува. Тие не се двоумат да им парираат на мажите во секунда, а едно истражување ги издвои петте најчести реченици што ги користат.
Еве како гласат:
„Ова ми беше најдобриот интимен однос досега“
Тоа не мора да значи дека е лага, но жените се свесни дека мажите уживаат да ги истакнуваат своите вештини под чаршафите. Иако во повеќето случаи интимната врска била добра, експертите сметаат дека нема потреба да се глуми ентузијазам.
„Секако дека ја достигнав кулминацијата“
Невистина. Повеќето жени не сакаат да го разочараат партнерот, па често лесно се согласуваат дека се целосно задоволни. Сепак, психолозите истакнуваат дека е важно да разговарате со партнерот за вашите потреби и желби.
„Ништо нема да се промени меѓу нас“
Ова се однесува на врски кои одеднаш се претвориле од пријателство во интимна врска. Многу луѓе мислат дека жешката акција не менува ништо, но тоа не е сосема точно кога се во прашање жените.
„Не се срамев, одлично ми е“
Жените се срамат кога нивното тело случајно испушта чуден звук, а има и такви кои не сакаат да водат љубов со вклучено светло.
„Би сакала повторно да водам љубов – сега“
По интимниот однос, жените најмногу сакаат да се гушкаат, па немојте секогаш да бидете сигурни дека оваа реченица е вистинита.