Пет мртви во невреме во Мозамбик
Најмалку пет лица загинаа во налет на циклонот Кенет во Мозамбик, а тоа е нов биланс, кој го соопштија локалните власти.
Хуманитарните организации предупредија на можни поплави и лизгање на земјиште во наредните денови.
ОКолу 3.500 куќи во североисточната област Кабо Делгадо се оштетени, а населението остана без струја, додека најмалку еден мост е урнат.
Циклонот Кенет во четвртокот ја погоди земјата со ветрови со брзина од 220 километри на час, што е сила на ураган од четврта категорија.
Во налетот на циклонот Идаи пред шест недели во Mозамбик загинаа најмалку 600 луѓе.
Обединетите нации соопштија дека ова е прв случај два циклона да го погодат Мозамбик во една сезона.