Песочни бури во Бразил, загинаа шестмина


Најмалку шест луѓе го загубија животот во Бразил во силни песочни бури кои овие денови, го погодија југоистокот на земјата, а тој природен феномен е зајакнат од голема суша.

Снимките од оваа временска непогода оставаат без здив. Голем облак портокалова прашина за неколку минути го прекрива целиот крај.

Бурата ја носат ветришта со брзина до 100 км/ч, а тоа направи штета на куќите, паѓаа дрвја и електрични столбови во градовите во внатрешноста, во државите Сао Паоло и маинас Гераис.

Шест лица се загинаа, меѓу кои и еден рибар од село на брегот на реката Парана, 650 километри од Сао Поло. Другите загинале од паднати дрвја, куќи или во пожар.

Ова е последица на долготрајна суша

„Вакви климатски појави не се новина, но ретко се толку изразени како оваа година“, вели за АФП метеорологот Естел Сиас. „Тоа е последица на долготрајната суша, високите температури и ниската влага“.

Песочните бури кои во воздухот креваат честички песок и прашина настануваат по сушното време кое завршува во септември, пред дождовниот период. Вакви бури, вообичаени во пустински предели, може да опфатат подрачја во круг од 160 километри и траат повеќе часови, вели Сиас.

„Оваа појава не може да се набљудува одвоено од климатските промени, затоа што високите температури предизвикуваат екстремни временски услови“, вели Сиас додека Бразил се справува со најголемата суша во последните 90 години.