Перо Антиќ демантира дека се степал со таткото на децата на Катарина Ивановска
Откако во медиумите се прошири веста за тепачка во ноќен клуб во Скопје во која учествувале двајцата поранешни партнери на манекенката Катарина Ивановска, односно Перо Антиќ и Цобе, кошаркарот се огласи во медиумите и ја негираше оваа информација.
Порталот „24инфо“ пренесе дека се случил инцидентот во еден скопски локал меѓу Цобе, првиот партнер и татко на децата на Катарина, и кошаркарот Перо Антиќ.

Но, како што Антиќ изјави , тепачка немало и никогаш не бил избркан од ноќен клуб.
„Има камери, нека се види дали имало тепачка. Се знае како изгледа тепачка. А секој човек кога ќе биде нападнат има право да се брани“, изјави Антиќ и додаде:
„Ниту ме избркал некој од клуб ниту ќе може да ме избрка, тоа е место каде што може секој да отиде и да потроши пари. А смешно е за кликови што се прави. Не сакам веќе никогаш да коментирам ниту за дотичниот човек, ниту, пак, за дотичната жена, не ме интересираат, ниту го познавам. Навистина не ме интересираат, што сакаат нека прават во животот. Не сакам да ме поврзуваат со тие две личности, јас си имам доволно свои обврски. А за тепачка? Мислам дека сме многу стари за такво нешто“, изјави Антиќ .
Тој додаде дека не сака повеќе да коментира и да дава причини да го има по медиуми.
„Јас сум заљубен, среќен сум во врка и не сакам да ме спојуваат со вакви луѓе. Нека си ја најдат среќата и тие“, вели Антиќ.
Славниот кошаркар и актуелен претседател на кошаркарската федерација на Македонија, ретко зборува за приватниот живот, затоа и овој пат вели дека нема да каже со кого е во врска, но, дека секако тоа не е фолк-пејачката Цеца.
„Интимен живот не споделувам. Нека си шпекулираат. Само ќе кажам мојата нова љубов е македонско девојче“, вели тој.
„А со Цеца се знам, да. Се имам запознаено на еден хепенинг, но тоа нема врска од овие глупости за кликови. Приказни кои ги измислуваат секти“, додава Антиќ.
Антиќ кој се разведе пред неколку години и од претходниот брак има три деца, пред двегодишната врска со топ-моделот Катарина Ивановска, беше во врска со топ-моделот Марјана Станојковска, најтрофејната македонска убавица на светските избори за убавина.