Пере од „Нокаут“ доби четврта ќерка – се роди Ирис


Пејачот на Нокаут, Никола Перевски Пере доби четврта ќерка. Неговата втора сопруга Јована ја роди ќерката Ирис, а Пере објави прва фотка од болница.

„Ирис се роди… Ваистину се роди уште едно трилече“, напиша тој на Инстаграм.

Пере и Јована веќе ја имаат ќерката Софиа (2). Од првиот брак, Пере ги има и ќерките Михаела (25) и Каја (16). 

Групата „Нокаут“ , во април, издаде нов сингл насловен „25″. Автор на музиката е Дарко Димитров, кој воедно работеше и на аранжманот. Текстот го напиша Игор Џамбазов. Микс и мастеринг – Дарко Димитров (студио Димитрови).

„По 25 години време беше да направиме ретроспектива на сѐ што сме оставиле зад нас, за вас, преку нова песна и видео спот. Да ве потсетиме на убавите ‘90ти години кога почнавме со Нокаут и кога наместо официјални спотови вртевме видео записи од настани по ТВ студија, музички емисии, бинго шоуа… “Buckle up”, времепловот кон ‘90тите тргнува, изјавија тогаш од „Нокаут“.