Пентагон: Атентаторот нема никаква врска со војската
Вашингтон – Пентагон соопшти дека Томас Крукс кој денеска пукаше врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп на митинг во Пенсилванија, немал никаква поврзаност со војската на САД.
– Потврдивме во сите воени служби дека во нивните бази на податоци, осомничениот со тоа име или датум на раѓање нема никаква поврзаност со војската, активната или резервната компонента, рече портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Патрик С. Рајдер.
Си-Ен-Ен објави дека во домот и во автомобилот на атентаторот се најден експлозивен материјал. Оружјето, пак, со кое пукал го купил неговиот татко пред најмалку шест месеци.
Федералните агенти кои ја водат истрагата не го објавија мотивот за нападот, но властите го третираат како обид за атентат.