Пендаровски се сретнал во Истанбул со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј

Поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Истанбул остварил средба со неговата Сесветост г. г. Вартоломеј Први, Архиепископ Константинополски на Нов Рим и Вселенски патријарх.
На средбата, како што соопшти Кабинетот на поранешниот претседател Пендаровски, се разговарало за состојбите во православниот свет и улогата на Вселенската Патријаршија во поттикнувањето на меѓухристијанскиот дијалог и соживотот меѓу различните народи и религии, а, во тие рамки и за уникатното значење на Вселенската Патријаршија како врховно институционално тело во православието.