Патниците имаа среќа: Авиокомпанија случајно продаде билети од прва класа евтино


 Авиокомпанијата „Qantas Airways“ случајно продала билети од прва класа за лет до Соединетите Американски Држави за помалку од 3.300 долари или со попуст од 85 проценти.

На 22 август патниците подигнале 300 билети во рок од осум часа, соопшти денеска авиокомпанијата, објави Блумберг.

Qantas моментално нуди повратни летови од прва класа од Сиднеј до Лос Анџелес во октомври за цени помеѓу 13.500 и 19.600 долари.

Авиокомпанијата беше погодена од бран откази, изгубен багаж и продажба на билети на веќе откажаните летови во последните години.

„Ова е случај кога цената на билетот беше премногу добра за да биде вистинита“, се вели во соопштението на авиокомпанијата.

Претходно оваа година, Qantas се согласи да плати казна од 100 милиони австралиски долари и да ги обештети патниците за продажба на билети на илјадници летови што веќе одлучи да ги откаже.