Партијата на Курто Дудуш влезе во коалиција со ДУИ
ДУИ во својот „Европски фронт“ прибра уште една партија: Унијата на Ромите на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, објави Телевизијата Клан.
„Да бев јас Албанец никогаш не би го заменил Али Ахмети за некој друг. Нема потреба да има друга опција, односно опозиција, освен ДУИ и Али Ахмети“, изјавил Дудуш за ТВ21.
Тој додаде дека Али Ахмети го почитува како човек, идеолог и потврдува дека најсериозна е понудата на ДУИ за заеднички настап на изборите.
Досега Народно движење предводена од Скендер Реџепи Зејд потпиша коалициски договор со ДУИ и Али Ахмети, а денеска на „Европскиот фронт“ официјално се очекува да му се приклучат и ДПА на Мендух Тачи и Европската демократска партија, предводена од Аријанит Хоџа.