„Пари“: Колку пари одат кај работниците, колку задржуваат газдите?

Минатата година просечната нето-плата во државата била 28.718 денари. Над овој просек, и тоа значително, единствено биле Алкалоид и Макпетрол


 

Кај десетте најголеми работодавачи во 2021 година, работеле 25.647 работници. Заедно, тие направиле приход од околу 1,1 милијарди евра, што е околу 10 проценти од целиот бруто-домашен производ. Во просек, ова значи дека секој работник е одговорен за создавање на годишен приход од 42.890 евра, или месечен од 3.574 евра (218.140 денари). Сите компании во кои работат, минатата година ја завршиле со добивка, а вкупниот износ на добивката е 58,8 милиони евра, или секој работник, во просек, креирал добивка од 2.292 евра годишно, или по 191 евра месечно (11.746 денари). Просечната нето-плата во овие десет компании заедно била 24.950 денари. Бројките доведуваат до интересен заклучок: нето-добивката креирана од секој поединец е речиси половина од вредноста на просечната плата.

Порталот Пари, во соработка со платформата БизнисМрежа.мк, дава одговор на прашањето какви се просечните нето-плати во секоја од фирмите – најголеми работодавачи, и дали тие се соодветни на добивките.

Еве што покажуваат податоците:

ТОП 10 работодавачи – добивки и просечни плати

Компанија

Просечна нето-плата

(во денари)

Добивка

(во евра)

Број на вработени во 2021 год.

ДРЕКСЛМАЈЕР МАНУФАКТУРИНГ МАКЕДОНИЈА ‒ Кавадарци

20.264

2.700.000

5.626

КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА БТ ДООЕЛ ‒ Битола

24.693

2.500.000

5.368

АМФЕНОЛ ТЕХНОЛОЏИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ ‒ Кочани

21.788

4.400.000

2.185

НИКОБ ДОО експорт-импорт ‒ Скопје

17.401

2.100.000

1.997

ГЕНТЕРМ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ увоз-извоз Прилеп

22.789

318.000

1.996

МАКПЕТРОЛ ‒ Скопје

33.659

22.300.000

1.870

АЛКАЛОИД АД ‒ Скопје

46.537

20.800.000

1.860

АДИЕНТ СЕАТИНГ ДООЕЛ ‒ Штип

20.452

469.000

1.853

ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ експорт-импорт ‒ Скопје

22.471

2.600.000

1.480

АДИЕНТ АУТОМОТИВЕ ДООЕЛ ‒ Струмица

19.461

675.000

1.412

 

АЛКАЛОИД СО НАЈГОЛЕМА ПРОСЕЧНА НЕТО-ПЛАТА

Минатата година просечната нето-плата во државата била 28.718 денари. Над овој просек единствено биле Алкалоид и Макпетрол. Всушност, тие биле значително над просекот. Така, просечната нето-плата во Алкалоид била 46.537 денари, а во Макпетрол 33.659 денари. Во овие две компании има и најголеми профити. Во Алкалоид профитот е 20,8 милиони евра и таму работат 1.860 вработени. Во Макпетрол профитот е 22,3 милиони евра, а има 1.870 вработени.

Според рангирањето, Макпетрол е шестиот најголем работодавач во земјава, додека Алкалоид е седми.

КАЈ НАЈГОЛЕМИОТ РАБОТОДАВАЧ 30 НАСТО ПОД ПРОСЕКОТ

Најголем работодавач, како што веќе пишуваше Пари, е Дрекслмајер. Компанијата има вработено 5.626 работници, а ланскиот просек бил околу 30 насто помал од минатогодишната просечна нето-плата. Имено, ланската просечна нето-плата во Дрекслмајер била 20.264 денари, а во државата 28.718 денари.

Какво е рангирањето на десетте најголеми работодавачи во однос на просечните нето-плати може да се види од следнава табела:

 

Назив

Нето-плати по вработен 2021

АЛКАЛОИД АД ‒ Скопје

                                                          46.537

МАКПЕТРОЛ Акционерско друштво за промет со нафта и нафтени деривати ‒ Скопје

                                                          33.659

КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА БТ ДООЕЛ ‒ Битола

                                                          24.693

ГЕНТЕРМ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ увоз-извоз ‒ Прилеп

                                                          22.789

ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ експорт-импорт ‒ Скопје

                                                          22.471

АМФЕНОЛ ТЕХНОЛОЏИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ ‒ Кочани

                                                          21.778

АДИЕНТ СЕАТИНГ ДООЕЛ ‒ Штип

                                                          20.452

ДММ ДРЕКСЛМАЈЕР МАНУФАКТУРИНГ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ увоз-извоз ‒ Кавадарци

                                                          20.264

АДИЕНТ АУТОМОТИВЕ ДООЕЛ ‒ Струмица

                                                          19.461

НИКОБ ДОО експорт-импорт ‒ Скопје

                                                          17.401

 

 

 

Целата анализа е достапна ТУКА.