Пантоне: Mагентата е боја што ќе ја обележи 2023


САД- Институтот за бои Пантонe ја избра бојата што ќе ја обележи оваа година – вива магента.

Опишувајќи ја како нијансиран темноцрвен тон кој ги балансира топлото и ладното, Пантоне вели дека вива магента е неконвенционална нијанса за неконвенционално време.

 

„Храбра и бестрашна, вива магента е пулсирачка боја која промовира оптимизам и радост. Таа е моќна, анимирана црвена боја која поттикнува експериментирање и самоизразување без ограничувања“, стои во соопштението на Пантоне.

Изборот на Пантоне традиционално се одразува на трендовите во модата, убавината, дизајнот и екстериерното уредување.