„Панама Сити Интернешнл“ прогласен за најдобар аеродром во светот


Берлин – Германската авиокомпанија „Ер-хелп“ (AirHelp) неодамна го објави годишниот извештај „Ер-хелп скор“ за 2026 година за најдобар аеродром во светот. Тука се издвојуваат аеродромите во Латинска Америка, а посебно оние во Бразил.

„Уште еднаш се докажа дека квалитетот на еден аеродром не зависи исклучиво од неговата големина или од бројот на патници што годишно минуваат низ него. За пример ги имаме некои аеродроми во Северна Африка и Југоисточна Азија кои имаа најслаби резултати, пред сè поради честите доцнења и мешање на распоредот“, соопштија од компанијата.

Аеродромите се оценувани со максимум десет поени според точноста на летовите, понудата на ресторани и продавници, како и квалитетот на услугата под која спаѓаат чистотата, љубезноста на персоналот, безбедносните проверки и сигнализацијата. Оценките се даваат според голема база на податоци за летовите, како и според впечатоците и мислењата на илјадници патници ширум светот.

Годинава, првото место му припадна на Меѓународниот аеродром во Панама Сити, со освоени 8,48 поени. Со ова Бразил повторно го потврди статусот за една од водечките земји со најдобар квалитет во воздушниот сообраќај со уште четири најдобри аеродроми во светот.

Листа на десетте најдобри аеродроми во светот за 2026 година:

Панама Сити Интернешнл, Панама – 8,48
Пинто Мартинс Интернешнл, Форталеза, Бразил – 8,42
Кејп Таун Аерпорт, Јужна Африка – 8,36
Ресифе Аерпорт, Бразил – 8,34
Бразилија Аерпорт, Бразил – 8,30
Рио де Жанеиро Аерпорт, Бразил – 8,28
Белем Вал-де-Канс Аерпорт, Бразил – 8,17
Гвајакил Аерпорт, Еквадор – 8,17
Буде Аерпорт, Норвешка – 8,17
Билунд Аерпорт, Данска – 8,16
„Ер-хелп“ е приватна авиокомпанија основана во 2013 година во Берлин која докажува дека клвалитетот на еден аеродром не е заснован на големината и бројот на патници.