Памела Андерсон по петти пат се омажи за продуцентот Питерс
САД– По неколку децении врска, актерката и активистка Памела Андерсон (52) и продуцентот Џон Петерс (74) стапија во брак. Петтата венчавка на Памела Андерсон, но и на Питерс, се случила во тајност на приватна церемонија на Малибу.
„Двајцата многу се сакаат. Тоа е голема холивудска романса“, рекол нејзиниот публицист потврдувајќи ја веста.
Нивниот прв состанок се случил во 80-тите години за на крајот да завршат заедно, а Памела го потврдила тоа на „Инстаграм“ едноставно пишувајќи „Среќен живот“.
„Има убави девојки насекаде. Можев да избирам, но 35 години ја сакав само Памела“, изјавил Петерс за „Холивуд репортер“.
Петерс ја почнал својата кариера како фризер за да стигне до продуцент на филмот „Ѕвездата е родена“, кој го продуцираше и римејкот со Леди гага и Бредли Купер.
„Таа ме прави див на позитивен начин. Ме инспирира. Јас ја заштитувам и ја третирам онака како што заслужи“, рече тој.
Памела (која донеодамна живееше во Марсеј, Франција), ѕвездата на „Чувари на плажа“ и која 13 пати ја красеше насловницата на „Плејбој“, беше во брак со Томи Ли ( со кого има два сина) , Кид Рок и двапати со Рик Саломон. Лани стана меѓународна ѕвезда кога го посетуваше Џулијан Асанж.
Питерс исто така, зад себе има четири брака. Меѓу сопругите се и актерката Лесли ен Ворен и Кристин Форсајт со кого има ќерка.