Палитана – индиски град во кој живеат само вегетаријанци


Палитана е мал град во областа Бхавганар во Гујурат во Индија во кој сите жители се вегетаријанци.

Во Палитана е забранета продажба на јајца и месо, како и убивање животни.

Тој е прв потполно вегетаријански град на светот, а се смета за најсвето место за луѓето кои ја следат религијата џаинизам.

Во градот има 863 храма и секоја година го посетуваат аџии кои веруваат дека нивниот спасител Аината одел по овие ридови.

Палитана е толку религиозно место што околу 200 монаси во 2014 година штрајкувале со глад, велејчи дека побрзо ќе умрат отколку да дозволат убивање и конзумирање животни во својот град. Монасите исто така, бараа затворање на 250 месарници и забрана за ритуално убивање животни.

Владата беше присилена да го прогласи градот за зона без месо.

Колку луѓе се џаинисти тешко е да се каже но секоја година во градот доаѓаат 4-5 милиони аџии. Се работи за религија која се фокусира на добробит на сите суштества. Тие веруваат дека луѓето, животните и растенијата имаат души со еднаква вредност.