Палевски: Ниту сум монструм, ниту убиец – киднапиран сум од Кривичниот суд
На прес-конференција на која оддржана на 5 декември кога е и поднесена кривична пријава, денеска гледам дека постоело само едно вештачење до тогаш
Љупчо Палевски – Палчо сведочи за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, а денеска на рочиште во Кривичниот суд одговара на прашања од својот адвокат Јовица Страшевски.
Палевски вели дека со неговата партија Десна почнале да собираат потписи за спроведување референдум за изјаснување на народот по потпишувањето на Договорот со Бугарија. Тој смета дека за тоа не може политичари да носат одлука, туку треба да се праша народот, па затоа сега политичари и политички партии го местат за убиствата на Вања Ѓорчевска и за Панче Жежовски.
Палевски рече дека ниту се чувствува како монструм, ниту како убиец, откако адвокатот го праша дали се чувствува така, затоа што од првите прес-конференции на МВР и ЈО, до ден денес се носи тој товар дека е монструм и убиец.
Палевски рече дека не е ни едното ни другото.
„Не сум ги извршил ни убиствата ни грабнувањата, зашто во депото на јавното обвинителство има хард диск ‘тошиба’ со 200 илјади разговори, гнасотии на политичката елита, но и на новинарската професија. Да сум сакал да организирам нешто од користољубие сум можел да уценувам милијардери со ‘ферари’ но тоа не сум го направил. Немам мотив да направам такво злосторство“, рече Палевски.
Тој тврди дека за убиствата е наместен затоа што почнал да објавува дека во македонски банки се перат пари од продажба на ирански дронови во Русија, а дека ирански државјанин ги имал сметките во две македонски банки. Ова го објавувал во неколку емисии во неговите поткасти, а последната епизода била одложена од 26 за 28 ноември, затоа што доцнеле изводи од сметки и пасоши за мега трговци со оружје од Иран кои имале депозити во македонски банки. Спомнува суми од 129, 420, 540 милиони долари… Палевски за ова обвинува високи функционери и политичари: Оливер Спасовски, тогашен министер за внатрешни кој дозволил нерезидентен државјанин да отвори сметка во банка (во земја членка на НАТО)…
„А, мотивите за таквото однесување, суспендирање на правото на невиност, сѐ додека не се докаже вината, не постои и тоа од причини што шефот на скопското ЈО Гаврил Бубевски и Оливер Спасовски се дирекно одговорни за перењето пари во Република Македонија. А, Оливер Спасовски дал согласност како министер за внатрешни работи, ирански државјанин, шверцер на дронови, да отвори сметка во НАТО банки на Република Македонија. Токму таа одговорност и сериозен криминал според износите депонирани во македонските банки, што е сосема доволна причина да се изврши морален атентат на еден човек се компромитира во целост, а инструментот по допрен глас за ова обвинителство не постои, како и за оружјето во овој судски процес. Медиумите се целосно корумпирани од банкарскиот сектор и без подршка од банкарскиот сектор нема да постојат. Една и пол година врескаат дека докази има и јас додека бев во Турција за тој период имав имав турски адвокат кој ме застапуваше пред турскиот суд и ми покажа принтана копија од вестите каде бев опишуван како што бев опишан.
На прес-конференција на која оддржана на 5 декември кога е и поднесена кривична пријава, денеска гледам дека постоело само едно вештачење во моменти на одржување на таа прес-конференција. ЈО до подигање на кривичната пријава го има вештачено само телефонот на убиениот Панче Жежовски и две вештачења за папиларни линии и ДНК сите останати вештачења се правени по прес-конференцијата. Но, прашањето во една ваква масовна истрага кој и зошто ги брифирал медиумите со лаги, веќе е одговорено, па како пример ќе наведам. Сведокот Гоце Трајковски кој глумеше Рол Хонс овде во судот, лично тој на Каришиќ му праќал скринови од некакви инфлуенсерки, кои тврдат дека јас сум бил очув на Вања. Сето ова го пласирал на оваа багра на оваа позади мене позади стаклото“, зборуваше Палевски.
Судијата реагираше и го опомена Палевски да внимава како со однесува во судница и за изречените навреди кој медиумите.
Палевски продолжи со оцрнување на медиумите, па рече дека зад него е сместена една професија која фунцкионира крајно непрофесинално и врз шпеуклации од луѓе како посочениот Гоце Трајковски.
„После една и пол година од наастнаот не постои наслов во медиумите каде монструмот го посочува оружјето со кое постои веројатност да биде сторено ова кривично дело. Јас сум под линч од портали кои се под контрола на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Организацијата отиде подалеку и од наслов, па друга една професија која се нарекува адвокат. Јавно преку медиумите се прозиваа да не ме застапуваат, што после ќе објаснам зошто е тоа правено и ќе докажам како сум киднапиран од овој кривичен суд Скопје“.
Претходно денеска со сведочењето заврши и таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар, кој рече на прашање на судот кажа дека сведокот Гоце Трајковски, кој всушност ги поврзал двете возила со кои беше грабната Вања, дошол кај него во вторникот на 27.11.2023 година, а снимки од надзорните камери почнале да бараат наредниот ден, во среда 28.11.2023 година. Ѓорчевски во детали објаснуваше од каде и по кој редослед ги наоѓале и земале снимките со Трајковски и неговата сопруга, Зорица Ѓорчевска. На прашање на судијата кога сфатиле дека Вања не одела пешки, туку со автомобил стигнала до Фитнес хаус, каде ѝ се губи сигналот на телефонот, Ѓорчевски рече дека тоа веднаш им станало јасно, затоа што невозможно е за толку кратко време пешки, од времето на излегување од дома до таму каде што ѝ се губи сигналот на телефонот, да стигне до „Фитнес хаус“ на „Партизанска“.

Прашан како од толку многу коли ги утврдиле токму двете сомнителни коли со кои е грабната Вања, Ѓорчевски рече дека кога го споредиле времето и дека е невозможно од дома до „Фитнес хаус“ да стигне за десетина минути, логично било да се фокусираат на колите.
„Тоа што беше сомнително кај ‘цитроенот’ од другите коли е што возеше многу бавно и испушташе многу чад, беше замаглено и хаубата му беше замрзната“, одговори Ѓорчевски.
Прашан на која апликација пратил порака на бројот на Вања до грабнувачите, Ѓорчевски одговори дека пратил две смс пораки, можеби во 13 или 14-15 часот попладне, кога во домот на Ѓорчевски веќе биле дојдени инспекторите. Тој појасни дека не ги пратил пораките на никаква апликација, туку пратил смс. Првата порака гласела: „Ќе направиме сѐ што ќе побарате, само пуштете ја“. Подоцна се сетил и пратил уште една порака со содржина: „Од родителите“.
Со ова испрашувањето на Александар Ѓорчевски заврши, а судењето продолжува со распитот на првообвинетиот Љупчо Палевски.
После Манев, Кешишев, Видевски и Александар Ѓорчевски, дојде на ред Палевски.
Манев претходно кажа дека во двете жртви пукал токму Палевски, додека Кешишев кажа дека не бил на местото на убиството на Панче и чекал во автомобилот, додека за убиството на Вања рече дека го видел Палчо со пиштол непосредно пред да биде убиена Вања.
Жежовски беше пријавен за исчезнат на 24 ноември 2023 година, додека Ѓорчевска исчезна на 27. ноември. Потоа беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.
Целта, според сведоците, била да се земат пари за откуп. Односно, Панче да се замени со некоја жена, но веднаш биле ликвидирани.
Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. (Н.В.)