Паѓа бројот новозаразени во Србија, учениците од понеделник в училиште
Според последните податоци, во Србија денеска се регистрирани 1.613 овозаразени со корона виурсот, а на респиратор се 164 пациенти.
Починаа 39 пациенти, а тестирани биле 12.526 примероци.
Иако бројот новозаразени последните денови паѓа, не треба да се заборави дека бројот луѓе со тешка клиничка слика е голем, а се уште има луѓе за чии животи се борат докторите по болниците.
Во единиците на полуинтензивна и интензивна нега здравствените работници се борат за околу 15.000 животи, а во моментот во „Батајница“ има 600 пациенти.
Во основните и средните училишта во Србија, од понеделник 6 декември, ќе се применува првиот модел на настава, односно, учениците ќе продолжат да одат во училиште со физичко присуство, одлучи Тимот за следење и координирање на примената на превентивните мерки во училиштата.