Пад на туризмот за преку 60 отсто


Фото: Б. Грданоски

Бројот на туристите во октомври 2020 година бил 33 929 што е намалување за 65,1 отсто во однос на истиот месец лани, а бројот на ноќевањата 80 612 што е пад за 59,7 проценти.

Според Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи е намален за 11,4 отсто, додека бројот на странските туристи за 87,4 проценти. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во октомври 2020 година во однос на октомври 2019 година, е намален за 14 проценти, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 84,8 отсто.

Во периодот јануари – октомври 2020 година во однос на истиот период лани, бројот на туристите е намален за 60,8 отсто, кај домашните туристи за 20, а кај странските за 84,2 процента. Бројот на ноќевањата е намален за 47,2 отсто, кај домашните туристи за 14,1, додека кај странските за 84,1 процент.