ЕУ го казни „ТЕМУ“ со 200 милиони евра заради продавање нелегални производи


Европската комисија му изрече казна од 200 милиони евра на кинескиот гигант за е-трговија „Тему“ откако истражителите откриле дека на нејзината платформа се достапни опасни играчки за бебиња и неисправни полначи, објави „Еуроњуз“.

„ТЕМУ“ не успеа внимателно да ги идентификува, анализира и процени системските ризици од нелегалните производи што ги нуди на својата платформа и штетата што произлегува од тоа за потрошувачите во европската унија“, соопшти денеска Европската комисија.

Истрагата спроведена од Комисијата, која вклучуваше и тајно купување, заклучи дека многу производи ги немаат поминато безбедносните тестови.

Меѓу нив се небезбедни полначи и играчки за бебиња што содржат хемикалии што ги надминуваат законските ограничувања за безбедност и претставуваат опасност од задушување.