Пад на цената на нафтата
Цената на нафтата денеска забележа пад по медиумските наводи дека ОПЕК плус мора да го реши проблемот со вишокот дневна понуда од преку два милиона барели и по веста дека во САД неочекувано е зголемен бројот на барања за државна помош поради невработеноста, што навестува бавно заздравување на економијата.
Цената на северноморската нафта Брент се намали за 1,24 долари или за 2,7 отсто и барел нафта се тргуваше за 44,13 долари, додека цената на американската ВТИ нафта забележа пад од 1,31 долари или за 3,0 проценти и се тргуваше за 41,62 долари за барел.
Аналитичарите наведуваат дека зголемувањето на вредноста на американскиот долар, што ја прави нафтата поскапа за купуваите кои поседуваат други валути, исто така изврши притисок врз цената на „црното злато“.