Пациент од кумановско почина од Ковид – 19

Едно лице од Романовце, Кумановско, на возраст од 56-години почина како последица од инфекција со Ковид-19, потврди министерот за здравство Венко Филипче.
Лицето било хоспитализирано во болницата „8 Септември“ на 1 април, откако добил позитивен тест за корона.
Во меѓувреме, официјалните податоци покажуваат дека 21 други лица од Куманово се позитивни на вирусот Ковид – 19.
Со ова досегашниот број на заболени во регионот на Куманово и Липково достигна 114, а како последици на вирусот починаа пет лица.