Овој зеленчук страшно дебелее, а кај нас многумина го обожаваат

Еден, навидум здрав зеленчук, може да го забави метаболизмот, но и да додаде „сало“ околу половината
Зеленчукот е клучен за урамнотежена и здрава исхрана, нудејќи широк спектар на хранливи материи, витамини, минерали и диетални влакна кои придонесуваат за целокупната благосостојба. Познато е дека оваа храна богата со хранливи материи помага во зајакнувањето на имунитетот, варењето и „произведувањето“ на енергија. Меѓутоа, кога станува збор за тоа како зеленчукот влијае на метаболизмот, не сите видови на овие намирници се „добри“… Некои можат да го забават и да создадат проблеми со вишокот килограми.
Индискиот доктор Барат Џиндал, експерт за исхрана, открил дека еден навидум здрав зеленчук може да го забави метаболизмот, но и да додаде „масти“ на половината. Според него, компирот е храна која треба да се консумира внимателно и многу ограничено.
Зошто компири?
Компирите, главна храна во многу култури и дефинитивно една од најпопуларните кај нас, изобилуваат со јаглехидрати, поради што нивното влијание врз контролата на тежината и метаболизмот е значајно. Содржи сложени јаглехидрати кои предизвикуваат ненадеен скок на шеќерот во крвта, што потенцијално доведува до зголемено лачење на инсулин. Високото ниво на инсулин влијае на складирањето на вишокот енергија како маснотии, а прекумерната потрошувачка на храна богата со јаглени хидрати (како што се компирите) потенцијално доведува до зголемување на телесната тежина.
„Компирите, кога се преработуваат во чипс или помфрит, се подложени на обработка на висока температура. Ова формира акриламид, соединение поврзано со метаболички нарушувања и складирање на маснотии. Всушност, брзото варење на скробот во овие форми може да доведе до скокови на шеќерот во крвта, што придонесува за акумулација на маснотии во пределот на половината“, вели Џиндал. Важно е да се напомене дека гликемискиот индекс (ГИ) на компирот може да варира во зависност од начинот на подготовка и видот. Варените или печените компири со кора имаат помал ГИ во споредба со обработените облици, како помфрит или чипс.
Иако зеленчукот е клучен дел од здравата исхрана, не секој вид има ист ефект врз нашето тело. Нутриционистите предупредуваат дека компирот, особено во форма на чипс или помфрит, може да доведе до ненадејни скокови на шеќерот во крвта, што доведува до зголемено ослободување на инсулин и потенцијално складирање на маснотии.