Овој аеродром ги надмина сите конкуренти: Прогласен за најдобар во светот втора година по ред


Иако веќе се сметаше за еден од најимпресивните, аеродромот во Истанбул дополнително ги подобри своите оценки оваа година и повторно ја освои титулата најдобар во светот.

Аеродромот во Истанбул, најголемиот во Европа, е прогласен за најдобар аеродром во светот втора година по ред, според анкетата на водечкото туристичко списание „Travel + Leisure“.

„И ако е можно, аеродромот стана уште подобар, обезбедувајќи оценка од 98,57 во споредба со минатогодишните 95,79“, се вели во соопштението на списанието „Travel and Leisure“, пренесува агенцијата Анадолија.

Во него се вели дека резултатот од оваа година е „исклучително импресивен“ со оглед на тоа што аеродромот во Истанбул беше рангиран на седмото место во анкетата за 2023 година, со резултат од читателите од 83,36.

Во 2024 година, аеродромот опслужил околу 80 милиони патници, што го прави најголем и втор најпрометен во Европа, според Генералниот директорат на државните аеродроми.

Исто така, минатата година стана најпрометниот центар за воздушен товар во Европа, според Годишниот извештај за сообраќај за 2024 година на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) за Европа.