Овие додатоци во исхраната имаат многу лош ефект врз мозокот, цревата и срцето! Јадете ги што е можно помалку

Неодамнешна студија во Германија следела речиси 187.000 луѓе во текот на единаесет години и открила дека состојките во ултра-преработената храна можат значително да го зголемат ризикот од предвремена смрт.
Еве листа на најпроблематичните адитиви со кои се среќаваме секој ден.
1. Глутамат (MSG)
Се користи за подобрување на вкусот, особено во супи, закуски и готови оброци. Може да предизвика главоболки и гадење кај чувствителни луѓе.
2. Рибонуклеотиди
Хемиски соединенија кои често одат рака под рака со MSG. Најчесто се наоѓаат во индустриски супи и разни сосови.
3. Ацесулфам
Вештачки засладувач кој се додава во газирани пијалоци, гуми за џвакање и десерти. Некои студии го поврзале со промени во метаболизмот на гликозата.
4. Сахарин
Еден од првите вештачки засладувачи, сè уште се користи во многу „диетални“ производи и газирани пијалоци.
5. Сукралоза
Засладувач отпорен на топлина кој често се наоѓа во печива и производи без шеќер.
6. Средства за зацврстување
Се додаваат за да им дадат на храната поцврста текстура. Најчесто се наоѓаат во преработено месо, сладолед и желеа.
7. Фруктоза
Природно се наоѓа во овошјето, но кога се додава индустриски, може да го зголеми ризикот од дебелина и инсулинска резистенција.
8. Инвертен шеќер
Мешавина од гликоза и фруктоза што се додава во слатки и безалкохолни пијалоци.
9. Лактоза
Природен млечен шеќер. Во големи количини, може да предизвика проблеми со дигестивниот систем и здравјето на цревата кај чувствителни лица.
10. Малтодекстрин
Полисахарид кој се користи како згуснувач и засладувач. Може да го зголеми нивото на шеќер во крвта, па затоа не е погоден за луѓе со инсулинска резистенција и дијабетес.
Секогаш избирајте храна што е што е можно минимално преработена – тоа е најдобриот начин да избегнете штетни адитиви и да го заштитите вашето здравје.