Оваа година, Денот на зимскиот велосипедизам во Хрватска е на 14 февруари
Хрватскиот „Синдикат на велосипедисти“ ги повика граѓаните на Загреб и цела Хрватска в петок, да одат со велосипед на работа, факултет или на училиште, заради подигање на свеста за еколошки одржлив превоз и во зимските месеци. Оваа година, Денот на зимскиот велосипедизам се паѓа токму на 14 февруари.
„Возењето велосипед во зима не е нешто страшно. Треба само да се облечете слоевито, но не премногу дебела облека бидејќи многу брзо се загреваме. Сѐ што ви треба е капа, шал, ракавици и малку добра утринска волја. Исто така, бидејќи деновите сѐ уште се кратки, неопходно е да се вклучи предното бело светло и задното црвено светло во услови на намалена видливост и ноќе“, се вели во соопштението.
И покрај студеното време, возењето велосипед е препорачлив превоз во кој било град, бидејќи го продолжува одржувањето форма, физички активности, го намалува сообраќајниот метеж и придонесува за здравјето.
Иницијативата за пријателски натпревар меѓу градовите, државите и организациите почна во Канада во 2013 година. Оттогаш, Светскиот ден на зимскиот велосипедизам се одбележува во вториот петок во февруари. Очекуваниот резултат од иницијативата е дека барем некои лица кои првпат се обидуваат да возат велосипед зиме ќе бидат охрабрени да продолжат со тоа и целата наредна година.