Ова се трите најголеми инвестиции на Ворен Бафет во 2020 година


Кога станува збор за успешни инвеститори, Ворен Бафет, извршен директор на Беркшир Хатавеј, е секако класа за себе. Овој Американец е рангиран како седмиот најбогат човек во светот со богатство од над 78 милијарди долари не сметајќи десетици милијарди што ги донирал за добротворни цели во последните 15 години.

Бафет продаде многу акции во текот на 2020 година. Но, поради хаосот и неизвесноста поради пандемијата на корона вирусот, тој направи и три големи купувања во кои тој и неговиот тим инвестираа помеѓу 563 милиони и 6,8 милијарди долари, пишува BIZLife.rs.

Банка на Америка

Со оглед на тоа што омилената инвестициска индустрија на Бафет е банкарството, можеби е мало изненадувањето што тој инвестираше во Банка на Америка во последните неколку недели.

Откако во април доби одобрение од Федералните резерви да ја зголеми сопственоста на Беркшир во Банка на Америка над вообичаениот лимит од 10 отсто за инвестициските компании, Бафет го зголеми својот удел на вкупно 12 отсто од акциите на банката. Вкупно, околу 2,1 милијарди американски долари се инвестирани во акциите на Банка на Америка во последните неколку недели.

Берик голд

Вредноста на канадската компанија за преработка на злато Берик Голд се зголеми за повеќе од 10 отсто, откако Беркшир Хатавеј објави дека купил удел во таа компанија.

Беркшир Хатавеј во последниот квартал купил 21 милиони акции на компанијата за преработка на злато и бакар, во вредност од околу 564 милиони долари.

Купувањето доаѓа како мало изненадување, бидејќи Бафет во минатото беше критичар на златото. Тој зборуваше дека е подобро да се инвестира во компании, фарми и недвижнини.

Инвестициите во злато привлекоа многу нови купувачи кои сакаат да заштитат барем дел од нивните средства од инфлацијата што ја очекуваат заради „дивото“ печатење на пари од централните банки.

Беркшир Хатавеј

Според кварталните извештаи на компанијата, Беркшир Хатавеј ги купи своите акции во вредност од 6,8 милијарди долари во првиот и вториот квартал, што е повеќе отколку што Бафет го потроши оваа година за купување акции.