Ова се „најлошите акции во 2021“ – меѓу нив и најголемите гиганти


Гигантите Волт Дизни, Веризон и Боинг, како и биофармацевтската компанија Амген со седиште во Калифорнија и технолошкиот конгломерат Ханивел – моментално имаат нешто заедничко, а тоа е да ја „носат титулата најлоши акции“ во 2021 година, според берзанскиот индекс Дау Џонс.
Акциите на Дизни и Веризон забележаа двоцифрена процентуална загуба, додека останатите три компании забележаа едноцифрена загуба. Акциите на забавниот сектор на Дизни паднаа за 14,5 отсто во 2021 година, во услови на забавување на растот на претплатниците на Дизни +, што и помогна на компанијата да ги надомести загубите предизвикани од пандемијата, кога беа затворени тематските паркови и кината, пишува Business Telegraph.

Минатата година, ограничувањата беа олеснети, а луѓето се свртеа кон забава надвор од своите домови наместо Дизни +. Акциите на Verizon паднаа за 11,6 отсто во 2021 година, а аналитичарите тврдат дека телекомуникацискиот гигант наскоро би можел да го изгуби статусот на „најдобра мрежа“, во корист на T-Mobile.

Акциите на Боинг минатата година загубија 5,95 отсто, што го става овој производител на авиони на третото место на оваа листа. Компанијата се соочи со голем број проблеми во текот на претходната година, од проблематичниот модел 737 MAX до предизвиците во производството со авионот 787 Dreamliner, пренесува Блиц.

Сепак, бидејќи повеќето авиокомпании досега ги укинаа ограничувањата на 737 MAX, аналитичарите предвидуваат дека Боинг ќе ја врати заработката оваа година. Акциите на Ханивел и Амген паднаа за околу 2 отсто во 2021 година, при што добавувачот на авијација страдаше од проблеми со синџирот на снабдување и инфлацијата, додека биотехнолошката компанија изгуби поени поради стравот од потенцијалните ефекти од планот за преговори за цените на лековите, што ги предводеше претседателот Џо Бајден.