Ова се цените за влезниците за концертот на „Дјуран Дјуран“ во Скопје


За концертот на големите „Duran Duran“ владее неверојатен интерес на ниво на оној за концертот на Sting во 2017 во истата сала (кој се распродаде за помалку од 24 часа).
Влезниците ќе бидат во продажба од четврток (19 февруари) во 10 часот наутро онлајн на avalonbookingg.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk , по следните цени и категории, објави „Авалон“.
Партер – 2.990 ден. Фан пит – 3.990 ден.
Трибина – 3.500 ден. Силвер трибини – 3.990 ден. Голд трибини – 4.500 ден. ВИП трибини – 6.000 ден.
Duran Duran доаѓаат во Скопје со многу звук, светло и камиони опрема и дури 65 луѓе кои ќе работат на тоа Скопје да добие целосен Duran Duran experience, како целата Planet Earth, соопшти организаторот.