Ова се 10 најдепресивни градови на Балканот. И Скопје е меѓу нив

Земјите што страдаат, покрај одливот на значителен број млади луѓе, патат и од ендемична корупција, сиромаштија и немање перспектива, пишува Слободна Далмација


Фото: Б. Грданоски

На југоистокот на европскиот континент, шест земји чекаат повеќе од десет години да бидат поканети во најелитниот геополитички клуб – Европската унија. Тоа се Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Албанија и Северна Македонија.

Земјите што страдаат, покрај одливот на значителен број млади луѓе, патат и од ендемична корупција, сиромаштија и немање перспектива.

Можеби може да се зборува за депресивната состојба на тамошните општества, пишува Слободна Далмација.

 

Затоа многумина ќе се согласат со видеото кое се појави на TikTok, а во кое се наведени најдепресивните градови на Балканот. Со тоа нема да се согласат голем број туристи, кои одат да летуваат таму, главно поради поевтините цени.

Но, едно е да поминеш неколку дена на одредена локација, а сосема друго е да живееш таму преку целата година.

Списокот на најдепресивни градови (причините варираат од невработеност, ментално здравје, загадување на животната средина до ПТСП предизвикано од војните од 1990-тите) на Балканот гласи:

10. Скадар, Албанија

9. Зеница, Босна и Херцеговина

8. Нови Сад, Србија

7. Приштина, Косово

6. Бања Лука, Босна и Херцеговина

5. Тирана, Албанија

4. Подгорица, Црна Гора

3. Белград, Србија

2. Скопје, Северна Македонија

1. Сараево, Босна и Херцеговина