Ова е најскапиот одмор во Европа: Рекордно високи цени, лежалките на плажа „огин и пламен“

Можете ли да погодите кое место во Европа е најскапо за изнајмување лежалки за плажа?
Борбата за лежалки е посебна приказна за многу патници, кои успеваат да добијат место покрај базенот дури и кога немаат намера да го користат. Одмор без море и коктели не е вистински одмор, според многумина. Во моментов, Европа откри каде е најскапо да се изнајми лежалка на плажа.
Во ресторанот „Ла Кабане“ во Коста дел Сол, Шпанија, цената за изнајмување лежалка достигнува дури 1.200 евра! Најскапи се оние што се наоѓаат практично во водата или покрај базенот на хотел со пет ѕвездички во Марбеља.
Ресторанот Ла Кабан доби висока оценка, четири од пет на TripAdvisor. Гостите го опишуваат како вистинско богатство и совршено место за релаксација.
За оние кои уживаат и можат да си дозвочат луксуз, ова искуство е вистинска можност да го претворат летото во незаборавен одмор. Сепак, во околината на Коста дел Сол има многу скриени плажи и помали ресторани кои нудат слична атмосфера, но по попристапни цени.