Ова е Македонката која направи документарец за Кировски кој Ибрахимовиќ сега го бара за директор во Милан


Росана Петревска , портпаролка и лице за односи со јавноста која се етаблираше во светот на комуникациите, е првата Македонка која од 2005 година правеше документарни филмови под наслов Реален сон, кои беа наменети за успешни спортисти од областа на спортот и кои  се емитуваа во тоа време на тогашната  А1 ТВ, а за нив известија и американските медиуми.

https://umterps.com/news/2005/8/30/207277127

Меѓу нив, и за Јован Кировски кој сега е во центарот на светското внимание, откако Златан Ибрахимовиќ смета дека тој треба да биде спортски директор на Милан. Контактите траат веќе извесен период, Кировски веќе бил во Милано.

Јован и Златан се знаат од поодамна, на 3 март 2018 година, Ибра стана играч на Лос Анџелес Галакси по заслуга на Кировски кој тогаш беше технички директор.

Кировски со Росана и нејзината сестра близначка која живее во Калифорнија, во Скопје, 2018

Кировски чии родители се од тетовско, Живко и Убавка Кировски, е екс фудбалер, израснат во младинскиот сектор на Манчестер Јунајтед, а потоа играше низ Европа за клубови како помеѓу Борусија Дортмунд, Спортинг Лисабон, Кристал Палас и Бирмингем пред да ја заврши кариерата во Галакси.

Јован беше во посета на Македонија во 2018 година  и негова омилена песна му стана „Бисер Балкански“, која била омилена на неговиот (сега покоен татко).

Петревска која е во роднинска врска со Кировски, по документарецот ја продолжи комуникацијата со него, а кога ја прашавме како се чувствува за неговите  успеси, само кусо одговори:

„Јас сум лојална, моите пријателски, роднински врски ги градам на  база на искреност и чесност и сите фамилијарно сме пред се горди што Јован како  еден прекрасен човек и како голем професионалец, чекори кон патот на светскиот успех, верувајте ми чест ми е што сум дел од таа светска елита“, ни изјави Петревска.