Отворена е опцијата за откажување на матурата годинава

Средношколците кои годинава се матуранти покренаа петиција да се откаже годинашната матура, но се уште не е донесена конечна одлука.
Министерот за образование Арбер Адеми, вели дека ја следат ситуацијата, дека ја разгледувале на Влада и дека нема да донесат одлука на штета на никого.
– Ќе треба да се направат дополнителни анализи, се дискутира, сите опции се на маса, и опцијата за пролонгирање на државната матура, и опцијата за откажување, учениците навремено ќе бидат инфромирани – вели Адеми.
Во однос на оценувањето Адеми рече дека продолжуваат на ист начин како на редовни, а не вонредни околности. Упатството за оценување е доставено до сите наставници.
– Според покажаниот ангажман на секој ученик, треба да се оцени секој ученик – вели Адеми.
Се побара и описна, место бројчана оценка, но со оглед на тоа што образованието се одвива дигитално, Адеми не гледа проблем за оценување на учениците.