Отворен Кариерен ден на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип


Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип денеска организира Отворен и Кариерен ден на просторот пред Ректоратот.

На Отворениот ден за средношколци, како што информираат од УГД, присутните ќе имаат можност да ги истражат можностите за идни студии, да го запознаат факултетот кој им е од интерес и да искусат дел од студентскиот живот.

На Денот на кариера за студенти, академските граѓани ќе имаат можност да се поврзат со најдобрите и најуспешните компании, да ги откријат можностите за кариера и професионален напредок, велат од УГД Штип.