Отворање на изложбата „Зелена и Одржлива Мода – Нордиско-балтичка приказна“ во рамки на Модниот викенд Скопје


Утре, во периодот од 17:30 до 19:30 часот, во просторот Ареа во Дајмонд Мол, ќе биде отворена изложбата на дела создадени од шест нордиско-балтички и пет македонски дизајнери, кои заедно работеа во рамки на резиденцијалната програма на проектот „Зелена и Одржлива Мода – Нордиско-балтичка приказна“.

На отворањето ќе присуствуваат и самите дизајнери, а програмата ќе биде збогатена со Отворени разговори под наслов #MadeWithSweden, посветени на тоа како шведските брендови работат со одржливост и што шведските и нордиските компании бараат во производствените капацитети во 17:30 ч, како. Designers’ Voices, фокусирани на процесот на соработка, инспирациите и иднината на одржливата мода во 18:30 ч.

По отворањето, изложбата ќе биде преместена на приземјето на Дајмонд Мол, каде ќе остане отворена за посетители од 30 март до 5 април.

Проектот е финансиски поддржан од Нордискиот совет на министри и се спроведува од Амбасадата на Шведска во соработка со амбасадите на Данска, Финска, Норвешка и Литванија, и во партнерство со Македонското модно здружение.

Изложбата е дел од официјалната програма на Модниот викенд Скопје и е отворена за пошироката јавност.