Отштета од 2,5 милиони за објавување фотографии од несреќата на Коби Брајант


САД- Двете семејства, чии членови загинаа во хеликоптерска несреќа заедно со американскиот кошаркар Коби Брајант во јануари 2020 година, ќе добијат отштета од 2,5 милиони долари за незаконско споделување фотографии од местото на несреќата.

Договорот за обештетување објавен во вторник и не се однесува на вдовицата на кошаркарската ѕвезда, која исто така поднела тужба против неовластено споделување фотографии.

Коби Брајант, неговата 13-годишна ќерка и уште седум лица загинаа во хеликоптерска несреќа на 26 јануари 2020 година, западно од Лос Анџелес.

Единствените лица кои имаа право да го фотографираат местото на катастрофата беа истражителите од Агенцијата за безбедност на транспортот и форензичарите.

Но, полицијата и пожарникарите од округот Лос Анџелес ги снимија сцените од несреќата и жртвите со мобилни телефони и ги споделија јавно, што многу брзо предизвика скандал.

Семејствата на жртвите поднесоа тужба против локалните власти за незаконско споделување фотографии.

Адвокатите кои го застапуваат округот Лос Анџелес во извештајот препорачаа да се постигне договор со семејствата за да се избегне продолжување на судскиот спор кој веќе чинел 1,3 милиони долари.

Судското рочиште иницирано од Ванеса Брајант, сопругата на Коби Брајант, е закажано за февруари 2022 година.