Откриени нови симптоми поврзани со корона вирусот


Експертите предупредуваат дека корона може да се манифестира со некои неочекувани симптоми!

Светот речиси две години се бори со корона вирусот. За тоа време, научниците научија многу за вирусот, дознаа за нови симптоми, кои, меѓу другото, се променија и поради новите мутации.

Додека на почетокот на пандемијата карактеристични симптоми беа треска и кашлица, списокот на симптоми подоцна драстично се прошири. Ковид често доведуваше до губење на чувството за вкус и мирис, што не е карактеристично за овој последен бран. Се појавија и прстите на Ковид, а научниците сега предупредуваат дека короната може да доведе до проблеми со слухот и дека тоа може да биде и еден од симптомите.

Повеќе од 10% од луѓето кои страдаат од ковид развиваат некакви симптоми кои ги погодуваат очите или ушите, според новата студија објавена од Американскиот национален центар за биотехнолошки информации. Овие симптоми можат да траат долго време, предупредуваат научниците.

„Постојат сè повеќе докази дека корона вирусот предизвикува повеќе нервни последици отколку што мислевме“, рече Ли Герке, молекуларен биолог од Технолошкиот институт во Масачусетс.
Проблемите со слухот и рамнотежата може да бидат и симптоми на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, предупредува аудиологот и невролог Захра Џафари.

Во мета-анализата објавена оваа година, таа и нејзините колеги откриле дека вртоглавица или вертиго се јавуваат кај 12 проценти од пациентите со Ковид, а зуење во ушите или тинитус кај 4,5 проценти од пациентите и губење на слухот кај три проценти.

Една од теориите за тоа како вирусот влијае на ушите е, вели Џафари, дека воспалението предизвикано од вирусот директно влијае на аудитивниот систем. Вирусот може да ја нападне и бариерата помеѓу крвотокот и внатрешното уво.

Во повеќето случаи, овие симптоми исчезнуваат сами од себе, но експертите предупредуваат дека можат да траат долго, дури и по закрепнувањето од корона.