Откриен еликсир на вечната младост? Во Кина тестираат инјекција која ќе го забави стареењето
Засега, експериментите се вршат само врз глувци, но првите откритија се охрабрувачки
Истражувачите во Кина тестираат инјекција што треба да го „запре стареењето“. Новото средство треба да го деактивира генот KAT7, што е клучен фактор во процесот на стареење на клетките. Засега, тестирањето е спроведено само на глувци, но научниците веруваат дека откритијата до кои дојдоа еден ден може да помогнат во развој на слични третмани за луѓе.
Никогаш не била користена иновативна терапија на која биле подложени глувци, а резултатите покажале дека животот на животните бил продолжен во просек за 25 проценти. Истражувачите идентификувале 100 гени кои влијаат на стареењето од околу 10 000, а КАТ7 беше најсилниот што придонесе за стареење на клетките. Истражувачите го инактивирале КАТ7 во црниот дроб на глувци со интравенска инјекција, а резултатите сугерираат дека ваквата генска терапија, заснована на деактивирање на еден ген, може да биде доволна за да се продолжи животниот век на глувците.
Од друга страна, стимулацијата на генот KAT7 го забрза стареењето на клетките.
„Само што ја тестиравме функцијата на гени во различни типови на клетки, кај човечки матични клетки, во човечки клетки на црн дроб и клетки на црн дроб на глувче и за сите овие клетки не забележавме токсичност на клетките и не забележавме никаква токсичност или несакани ефекти од терапијата“, рече професорот Ку Јинг од Кинеската академија на науките.
И покрај тоа, методот е далеку од подготвен за тестирање на луѓе во блиска иднина, смета професорот Ку и додава дека се неопходни подетални анализи на животни, а потоа се надева и на примати.
„На крајот, се надеваме дека во иднина ќе најдеме начин да го одложиме стареењето на луѓето барем за одреден процент“, заклучи професорката Ку.