Откриен астероид кој ќе удри во Земјата: „Објектот е безопасен, но луѓето ќе можат да видат спектакуларна огнена топка!“
Европската вселенска агенција (ESA) објави на социјалните мрежи дека жителите на Филипините ќе можат да бидат сведоци на спектакуларна огнена топка на небото еден час по полноќ.
Астероидот со дијаметар од еден метар ќе удри во атмосферата на Земјата по полноќ по локално филипинско време, објави Европската вселенска агенција во соопштението на платформата X. Ова треба да се случи во четврток во 1:08 часот по локално време (19:08 часот во среда по македонско време).
Астероид со дијаметар приближно еден метар ќе удри во атмосферата на Земјата над Филипините во близина на островот Лузон во 17:08 часот (UTC) денес, 4 септември. Објектот е безопасен, но луѓето во околината ќе можат да видат спектакуларна огнена топка!, се вели во соопштението на Европската вселенска агенција.
⚠️☄️Incoming!
A roughly 1 metre asteroid will strike Earth’s atmosphere over the Philippines near Luzon Island at 17:08 UTC today, 4 September.
The object is harmless, but people in the area may see a spectacular fireball!
Discovered this morning by the Catalina Sky Survey,… pic.twitter.com/UjQLbh3fFr
— European Space Agency (@esa) September 4, 2024
Споменатиот астероид беше откриен дури утрово од опсерваторијата Catalina Sky Survey во Аризона, која е специјализирана за откривање комети и астероиди. Интересно е и тоа што ова е само деветтиот астероид кој човештвото досега успеало да го открие пред да удри во атмосферата на Земјата.