Остатоците од кинеската ракета „Долгиот марш 5Б“ паднаа во Индискиот океан


Кинеската ракета „Долгиот марш 5Б“ за време на лансирањето на 29 април 2021

Остатоците од најголемата кинеска ракета паднаа денеска во Индискиот Океан, а повеќето од нејзините компоненти беа уништени при влегувањето во атмосферата на Земјата, јавија кинеските државни медиуми.

Делови од ракетата „Долгиот марш 5Б“ влегоа во атмосферата во 10.24 часот по локално време.

„Местото на падот е во Индискиот океан, југозападно од Индија и Шри Ланка“, соопшти кинеската агенција за вселенски летови.

Во соопштението се додава дека „повеќето остатоци од ракетата изгореа во атмосферата.