Осомничениот за убиството на Данка Илиќ, откако молчеше, сега негира вина, вели дека никогаш не го видел девојчето


Во Вишото јавно обвинителство во Зајечар беше сослушан Срѓан Јанковиќ (50), еден од осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ, кој ја негираше вината за извршувањето на ова кривично дело.

„Денеска во просториите на Вишото јавно обвинителство во Заечар беше сослушан осомничениот Срѓан Јанковиќ, кој целосно го негираше извршувањето на кривичното дело“, се вели во соопштението на Вишото јавно обвинителство Заечар.

Јанковиќ беше уапсен на 4 април годинава под сомнение дека ја убил Данка заедно со неговиот колега Дејан Драгијевиќ.

Според пишувањата на некои српски медиуми, Јанковиќ наводно рекол дека девојчето никогаш во животот не го видел.

Да потсетиме, Данка Илиќ од Бор исчезнала на 26 март кога дошла во Бањско поле со мајка си и братот и по неколкудневна потрага по неа било соопштено дека е убиена.

За ова кривично дело се осомничени Дејан Драгијевиќ (50) од Злот и Срѓан Јанковиќ (50) од Лука, двајцата вработени во ЈКП „Водовод“ Бор.

Драгијевиќ на рочиштето призна дека го сторил делото, кога откри дека неговиот татко и брат Далибор Драгијевиќ му помогнале да го сокрие телото.

Од друга страна, Јанковиќ до сега се бранеше со молчење.