Помалку млади кај нас имаат дигитални вештини во споредба со ЕУ
Над 80 проценти од младите на возраст од 16 до 24 години во ЕУ во 2019 година имале основни или над основни дигитални вештини, покажуваат податоците на Евростат.
Кај нас 64 проценти од младите на возраст од 16 до 24 години имале основни или над основни дигитални вештини.
Хрватска со 97 проценти има најголем процент на млади на возраст од 16 до 24 години со основни или над основните дигитални вештини меѓу земјите членки на ЕУ, по што следат Естонија, Литванија и Холандија – сите со по 93 отсто и Грција со 92 проценти.
Од друга страна, најмал број на лица на возраст од 16 до 24 години со основни или над основните дигитални вештини има Романија – 56 проценти, Бугарија – 58 проценти, Италија – 65 проценти, Унгарија – 68 проценити и Латвија и Луксембург со по 75 проценти.
Процентот се намалува за 24 отсто, на 56 проценти меѓу лицата на возраст од 16 до 74 години.
Во регионот најмал процент на млади на возраст од 16 до 24 години со основни или над основните дигитални вештини има Бугарија – 58 проценти, додека Србија има 79 проценти. За Албанија и Косово нема податоци.