Основци го посетија Центарот за рециклирање отпад во „Комунална хигиена“


Четириесет ученици од петтите одделенија при ООУ „Дитурија“ од скопската општина Сарај, го посетија Центарот за селекција на отпадот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.

Учениците се запознаа со процесот на селекција на отпадот и неговото балирање со помош на машини, a за прв пат имаа можност да видат како изгледа гранулат, претформа на пластично шише, синтетичко влакно и рециклирана хартија.
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје за младите посетители организираше спортски игри за селектирање и рециклирање на отпадот, а сите на подарок добија маички и капчиња, како и примерок од сликовницата „Забавно рециклирање“.