Основачите на Гугл продадоа акции од над милијарда долари од мај годинава

Основачите и сосопствениците на Гугл (Алфабет), Лари Пејџ и Сергеј Брин, продадоа акции во вредност од над 1 милијарда долари од мај оваа година.
Пејџ продаде акции во вредност од 462 милиони долари, додека Брин продаде акции во вредност од 610 милиони долари. И двајцата продаваат акции според однапред утврден план за тргување со акции. Акции последен пат беа продадени во 2017 година кога истече последниот план за тргување.
Акциите на „Алфабет“ оваа година добро котираа на берзите. Вредноста на акциите од класата А се зголеми за 50 проценти во споредба со минатата година и ја надмина вредноста на акциите на Амазон и Епл. Компанијата на 29 јули соопшти дека имала високи приходи и заработка во вториот квартал од оваа година.
Пејџ поднесе оставка од функцијата извршен директор на „Алфабет“ (матичната компанија на „Гугл“), на крајот на 2019 година. Во тоа време, Сундар Пичаи беше избран за извршен директор на „Гугл“. Во исто време, Брин поднесе оставка како директор на „Алфабет“.
Двајцата го основаа Google во 1998 година. И натаму се членови на менаџментот на компанијата и имаат мнозински удел во неа, односно контролираат 51 отсто од акциите, пишува CNBC.