Османи на видео состанок со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, заедно со својот хомолог од Албанија, министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, денеска, под покровителство на шефовите на дипломатиите на Грција и Романија, Никос Дендиас и Богдан Ауреску ќе одржат видео брифинг со своите колеги, министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.
Целта на состанокот, како што соопштија од МНР, е да се рефлектира стратешката дискусија за Западен Балкан, одржана на 10 мај во Брисел и да се реафирмира ангажманот и заложбата на земјите членки кон европската перспектива на земјите од регионот, во пресрет на состаноците на Советот за општи работи во јуни.
– Во фокусот на дискусиите ќе бидат досиејата на Северна Македонија и Албанија и нивните оправдани очекувања, Советот во јуни да ги операционализира одлуките за почеток на пристапните преговори, преку усвојување на преговарачките рамки и одржување на првите меѓувладини конференции, наведуваат од МНР.