Османи: ,,Метлата“ на Заев претставува понижување и навреда


Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи денеска изјави дека зборот  „метла“ кој го користи премиерот Зоран Заев е компромитирачки не само за претставниците на ДУИ, туку и за другите. Според него е неприфатливо да се користи таков термин.

– Тоа претставува понижување и навреда не само за претставниците на ДУИ, туку и за другите партнери на коалиционата влада. Неприфатливо е да се користи таков термин, дури и кога станува збор за промени во државните функции – рече Османи.

Заев најави промени во сите државни ешалони, дури и во самиот СДСМ, но и во администрацијата каде што смета дека се прават опструкции и не се даваат очекуваните резултати.