Оскаровката Шарлиз Терон со нова фризура
САД- Оскаровката Шарлиз Терон (44) ќе глуми во деветтото продолжение на акцискиот филм „Брзи и бесни“ и во целост го промени својот имиџ за потребите на филмот. Шарлиз ја репризира улогата на главната негативка Сајфер, која ја играше и во претходното продолжение пред две години.
Актерката објави фотографија на „Инстаграм“ и само напиша: „Се вратив“.
Деветтото продолжение на филмот „Брзи и бесни“ ќе биде премиерно прикажано на 10 април 2020 година, а покрај Шарлиз, глумат и Вин Дизел, Џон Сена, Мишел Родригез, Тајрис Гибсон и други.
Една од најубавите русокоси холивудски актерки е бринета веќе извесен период и има пократка коса, но сега ја смени фризурата, па има прамени и прилично кратка фризура.