Оскаровката Хилари Свонк чека близнаци
САД- Хилари Свонк во „Добро утро Америка“ објави дека се подготвува за најголемата улога во кариерата: да биде мајка.
Двократната добитничка на Оскар на крајот од интервјуто за „GMA“ во средата откри дека таа и сопругот, претприемачот Филип Шнајдер наскоро ќе станат родители.
„Ќе станам мајка — и не само на едно, туку на две бебиња, објави Свонк. „Не можам да верувам.
„Толку е убаво да можеш да зборуваш за тоа и да го споделиш“, продолжи актерката од „Million Dollar Baby” .
Додека Свонк го чека доаѓањето на нејзините две малечки со Шнајдер, со кој се омажи во 2018 година, таа се подготвува за нејзиното враќање на мрежната телевизија со „Алјаска дејли“ на ABC.
Шоуто, премиерно прикажано во четврток, доаѓа од Том Мекарти, сценарист добитник на Оскар кој стои зад најдобриот филм во 2015 година, „Спотлајт“.
Свонк рече дека таа и Мекарти имале состанок и тој и испратил напис од 2019 година наречена „Беззаконски“ од Кајл Хопкинс од „Енкориџ дејли њуз“, кој се однесува на „вистинските злосторства во Алјаска“.
„Беше отварање на очите, ужасно – сите работи одеднаш, работи за кои не можете да верувате дека се случуваат“, рече актерката. „Сакам да дадам силна светлина на овие прашања, особено на исчезнатите [и] убиените домородни жени за кои, мислам, никој не прави ништо.
Дополнителна одговорност е, знаете, да се дели правдата за аутсајдерите, за недоволно услужените“, додаде таа. „Тоа е само нешто за што јас сум страствена“.
Свонк го игра ликот Ајлин во „Аљаска дејли“, новинарка од Њујорк која се преселила во Алјаска за да работи за дневен весник во Енкориџ. Ајлин бара чист почеток, и на личен и на професионален план.
Актерката рече дека иако не е писателка како Ајлин, таа е поврзана со неа бидејќи нејзината цел како истражувачки новинар е да ја бара вистината.
„Како актер ја барам вистината во моите ликови“, изјави Свонк.