Оскаровка на Мостра: Мерил Стрип во „Живанши“ во Венеција
Италија– Оскаровката Мерил Стрип допатува во Венеција и на Мостра и даде сериозен тон на филмскиот фестивал како една од најдобрите холивудски актерки за која сите зборат, а никој не озборува.
Стрип за премиерата на трилерот „The Laundromat“ на Стивен Содерберг, избра шарена тоалета на „Живанши“, црвени салонки, и очила за сонце како моден детал.
Соденберг го дополнува триото американски режисери во Венеција со филмот кој раскажува за аферата Панамски документи (Panama Papers) во кој глумат и Антонио Бандерас и Гери Олдман.