Гори хрватскиот остров Чиово: 150 пожарникари се борат со пламенот (видео)


На хрватскиот остров Чиово денеска избувна пожар, а сите расположливи екипи се на терен, соопштија од Хрватското противпожарно друштво.

Според нив, 150 пожарникари со 30 возила се борат со пожарот. Во гаснењето на пожарот се вклучени три канадски и три авиони „Ер трактор“.

 

Ветерот го отежнува гаснењето“, изјавија од ХВЗ.

Пожарот гори во близина на куќите, но тие се уште не се загрозени, како што изјави Иван Ковачевиќ, командант на противпожарната бригада на сплитско-далматинската жупанија.