Орце Ѓорѓиевски ужива доверба од граѓаните среде хаосот со ѓубрето, автобусите, кучињата-скитници…


Фото: Б. Грданоски

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски ужива доверба кај граѓаните, покажува истражувањето на јавното мислење спроведено од МКД.мк и агенцијата „Маркет вижн“. Анкетата покажува дека хигиената е најголем проблем со кој треба да се справат градоначалниците и дека проектот „Безбеден град“ е добредојден и треба да се примени и во други градови. 

Речиси половина од испитаниците односно 49 проценти одговориле потврдно дека се задоволни од работата на градоначалникот на Скопје, а 44,6 проценти се незадоволни. 

Речиси две третини од испитаниците сметаат дека градоначалникот на Град Скопје почнал со исполнување на ветувањата дадени на локалните избори.

Истражувањето покажува дека граѓаните главно се задоволни од работата на градоначалниците во нивната општина (55,8%) и дека ги исполнуваат ветувањата. Сепак, сметаат дека најголем проблем е хигиената, на второ место е јавниот превоз, па урбанизацијата, паркингот, кучињата скитници, загадувањето на воздухот…

Анкетирањето било спроведено од 2 до 18 март со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници